Пројект међународног тима за класичне студије у вези са Древном Македонијом. Садржи писмо Обами са пропратном документацијом и Често постављана питања. Ова три текста су преведена на енглески и „македонски”, а прва два и на немачки. Сајт, још увек у ембрионалној фази, садржи полемике и научне текстове на енглеском.
http://macedonia-evidence.org/
http://macedonia-evidence.org/
http://macedonia-evidence.org /faq-history-fyrom.html
http://macedonia-evidence.org/faq-history-fyrom.html
1) Како може Александар да биде Грк ако е наречен „Филхелен”? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
2) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
3) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?
4) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
5) Зарем Демостен не го нарече Филип „варвар”; тоест, Негрк?
6) Зарем не постои разлика помеѓу Грци и Македонци?
7) Како можел Филип да се бори против Грците кај Херонеја ако тој бил вистински Грк?
8) Бидејќи Аристотел изјавува дека варварите се робови по природа (на пример во Политика I.ii.18 [1255a29]) дали има смисла да, ако Филип бил варвар и Негрк, ќе го најмел Аристотел да го учи неговиот син?
9) Што значат имињата Филип и Александар?
10) Ако Македонците беа Грци, зошто тие се нарекуваа Македонци?
Ако имате повеќе прашања околу Древна Македонија, можете да ги прашате историчарите преку имејл до
[email protected].
Сите одговори ќе бидат објавени на овие ЧПП.
1) Како може Александар да биде Грк ако е наречен „Филхелен”? Зарем тоа не е взаемно исклучиво?
Филхелен (φιλέλλην) или Гркољубец често се ползува за Негрци, но исто така е добро познат како опис на Грци кои се жртвуваат себеси за општото добро. На пример, во сценирањето на неговата идеална држава, Платон препорачува граѓаните да бидат и Грци и Филхелени (Република 470E). Но зборот исто така се ползува да опише специфични историјски карактери како Агесилај од Спарта кој како добар Грк бил Филхелен (Ксенофон, Агесилај 7.4). Видете понатаму Liddell, Scott, Jones, A Greek-English Lexicon sv. Φιλέλλην.
2) Зарем не постоеше македонски јазик одделен од грчкиот?
Не. Натписите од Македонија се сите напишани на атички (коине) грчки или на грчки дијалект кој бил хибрид кој содржел дорски и аеолски елементи. Ова е македонскиот дијалект на грчкиот. Ако древните документи сочувани денес на камен ги откриваат само овие две возможности, јасно е дека нема основа за одвоен јазик. Може да се забележи дека Платон (Протагора 314C), осврнувајќи се на аеолскиот дијалект на лезбијските автори, го нарекува „варварски” со што можеби мислел груб или нерафиниран, но сеедно грчки.
3) Но што е со сториите кажани од Квинт Куртуис и Плутарх?
Квинт Куртиус (6.9.34-36) го има Александар како му дава на заговорникот Филота возможност да се брани себеси пред неговите македонски трупи, и прашува дали Филота ќе зборува на нив на нивниот домашен јазик (patrio sermone на латински). Нема начин, сепак, да се знае дали референцата е кон посебен јазик или кон дијалект на грчкиот. Древниот текст може да ги дозволи двете интерпретации.
Истото е вистина кога, во средината на епизодата со Клеитос, Александар ги повикува своите стражари на „македонски” (Плутарх, Александар, 51.6) и кога македонските војници го поздравуваат Еуменес на „македонски” (Плутарх, Еуменес 14.5). Во секој случај, македонскиот би можел да биде грчки дијалект попрво отколку посебен јазик.
4) Дури и ако кралевите на Македонија станаа хеленизирани, зарем јазикот и културата на обичните луѓе не покажува негрчка основа?
Ова прашање често се поставува за Македонија, но не за хелотите од Лаконија или пенестите од Тесалија. Фактички, не постои доказ дека обичните луѓе од Македонија не биле Грци, дури и ако дефинитивен доказ на нивната народност не е сочуван. Но доказите растат – и од археолошки артефакти и од лингвистиката – дека тие биле Грци. Забележете ја, на пример, клетвената плоча од 4. век п.н.е. која била откриена во заедничка гробница во Пела и е напишана во што веројатно бил македонски дијалект на грчкиот кој делел елементи од дорските северозападни краеви на Грција и аеолските од Тесалија. Видете ја статијата „Говорот на древните Македонци, во светлина на современите епиграфски откритија” - „The speech of the ancient Macedonians, in the light of recent epigraphic discoveries”.